Теоријата на оваа диета е дека луѓето кои имаат тенденција секој ден да внесуваат исто количество храна, немаат проблем со калориите.

А бидејќи некои намирници логично имаат значајно помалку калории, оваа диета работи на тоа да не се намали количината на храната што ја внесувате,туку само калориската вредност (на пример, половина килограм моркови има иста калориска вредност како 50 грама кикирики, со таа разлика што морковите можат и да ве заситат).

Бикини диета – намалете 4 килограми за само 2 недели >>

Имајќи го тоа на ум Барбара Ролс ја подготви книгата „Volumetrics diet“, а овој начин на исхрана многу брзо стана популарен, особено во западниот свет. Нејзиниот режим подразбира исхрана базирана на намирници кои се богати со вода, односно овошје и зеленчук кои се сиромашни со скроб, житарки од цело зрно, месо кое не е мрсно, риба, немрсно млеко и феминистички млечни производи. Тоа практично значи дека забранети се намирниците како мрсно месо, зеленчук како компирот кој е полн со скроб, потоа сирење кое исто така има многу маснотии, чипс, масла, јаткасти плодови и благи производи, но и кофеинот и алкохолот.

Она што е различно од другите диети е што оваа заговара пообилни оброци бидејќи, како што вели Барбата, сите диети се засноваат на рестрикција на количеството храна. Овој режим е лесен и не бара посебни, егзотични и скапи намирници, ниту пак посебен режим во смисла на времето на јадење или начинот на подготовката храната.

Во голем број случаи не морате да направите големи промени – ако сакате палачинки, не морате да заборавите на нив – само исфрлете го маслото и калоричните намази, наместо бело користете брашно од цело зрно и додајте овошје. Или наместо обичен компир изберете батат. Во суштина со ваков режим на исхрана се губи, како што вели Барбара, околу еден килограм неделно, но уште подобро е што може да ви стане начин на живот, а не краткотрајна диета.

Јапонска диета – минус 8 килограми за само две недели >>

А тоа всушност е и најважното!

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?