loading...

 Лунарната диета или диетата според фазите на месечината е стар и многу познат метод за прочистување на организмот со кој можат да се загубат дури до 3 килограми дневно!

Главниот принцип на диетата е воздржување од храна во траење од 24 часа за време на Млада Месечина. Исто така има и многу тврдења како и докази и дека и постот за време на полна месечина дава одредени резултати, но сепак не како постот за време на Младата месечина. Диетата започнува во моментот кога месечината влегува во нова фаза, односно во фаза на Mлада Mесечина и трае 24 часа од тој момент.

Во табелата подолу се дадени датумите и точното време на месечевите мени за 2017 година. Табелата се однесува на нашата временска зона што значи дека ги вклучува и соседните држави како Србија, Црна Гора, Хрватска, Босна и т.н. Се што треба да направите е во календарот подолу да го најдете точниот термин за започнување на диетата и да се придржувате на неа во следните 24 часа. На пример, на крајот на јануари, диетата започнува точно на 28 јануари во 01 часот и 07 минути и трае точно 24 часа, односно до 29 јануари, до 01 часот и 07 минути. (Последната Млада Месечина за 2016 започна во 07. 53 на 29. декември )

За време на диетата треба само да се пијат течности и тоа најдобро обична вода или растителни чаеви, без шеќер, мед или вештачки засладувачи. Може да се пие и свежо исцеден сок од овошје и зеленчук, без никакви додатоци. Алкохол и млеко се строго забранети, како и секаква цврста храна. Дневно треба да се внесат 3 до 4 литри течност.

Во текот на 24-те часа на диетата се препорачуваат и лесни вежби и шетање кои ќе помогнат во топењето на килограмите и прочистувањето на организмот. Доколку ги почитувате наведените правила за 24 часа би требало да загубите до 3 килограми.

По завршувањето диетата, односно еднодневниот пост, обидете се да се храните поумерено и со полесна храна. Следниот месец можете пак да ја повторите диетата. Ова е одличен начин без преголеми напори и одрекувања да се ослободите од вишокот килограми за неколку месеци.
Календар за месечевите мени за 2017 година

 

barate

loading...
Loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

loading...

 

ПОПУЛАРНО