Ако сметате дека брзите диети не ги даваат саканите резултати, и сметате дека е подобро да се слабее постепено (но сигурно), тогаш алпската диета е вистинското решение за вас.

Се држи по една недела во период од шест па дури и дванаесет месеци, доколку има потреба. Со оваа диета постепено се топат масните наслаги и убаво се обликува телото без млитава кожа или брчки на лицето кои можат да се појават како несакани ефекти на таканаречените инстант диети. Посебно се препорачува за луѓе кои имаат значителен вишок на килограми.

Предлог на дневно мени во три варијанти кои можете да ги комбинирате по ваша желба.

Појадок, прва варијанта:

- шолја млеко, 1 јајце, 50 гр. црн леб
- кафе со млеко, 100 гр. немасна мисиркина шунка, 50 гр. бел леб
- кафе со млеко, 2 јајца, 100 гр. леб, ротквици

Појадок, втора варијанта:

- 100 гр. јаболко
- половина чаша (100 дл.) сок од домати
- 100 гр. овошје

Ручек:

- сок од морков, 200 гр. штука варена или печена без маснотии, 100 гр. зелена салата и 100 гр. варен или печен компир.
- кефир, 200 гр. говедски стек печен без масло, 100 гр. варен компир посипан со исечкан магданос, кисела зелка, цвекло.
- сок од зеленчук, 250 гр. пилешко на жар без маснотии, 100 гр. печен компир, салата од свеж морков и спанаќ.

Вечера:

- немасно свежо сирење, салата од 100 гр. домати или ротквици, 50 гр. леб од интегрално брашно, чај без шеќер.
- 100 гр. варена риба, 50 гр. варена салата, 50 гр. леб, чај/сок од шипки без шеќер.
- 100 гр. свежо сирење разредено со млеко, со млад кромид, праз или салата, 50 гр. бел леб, природен сок од домати.

 

 

barate

 


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?