Оваа популарна диета ветува губење на 10 килограми масни наслаги за само еден месец, но освен тоа, и прочистување на организмот, поубава и поздрава кожа, поквалитетни нокти и коса и подобро расположение. 

Главната тајна е во избегнувањето на јаглените хидрати, но без премногу оптеретувања и одрекувања, туку според даден план. Имено, јаглехидратите се исфрлуваат од исхраната од понеделник до сабота, додека во недела се јадат за појадок и за ручек. Потоа од понеделник се повторува истата шема од почеток.

Во текот на диетата можете да јадете:

· Сите видови на месо
· Млечни производи (со што помалку јаглехидрати и во ограничени количини) како сирење, кашкавал, најмногу половина литар јогурт и сл.
· Зеленчук – сите видови на зелен зеленчук: зелка, марула, краставица, брокула, карфиол, кромид, лук, малку домати, тиквички, пиперки, целер, спанаќ, рукола, се што е зелено и по малку од другите бои.
· Јајца на сите можни начини (при пржење е дозволена само една супена лажица масло)
· Јаткасти плодови – бадеми, ореви, лешници, кикиритки и сл., најмногу една шака дневно
· Најмалку 2,5 литра вода во текот на денот

Премини на следната страна >>

barate

 

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?