Медот и циметот се одлична комбинација која се покажала како многу ефикасна за загубата на вишокот килограми кај многу луѓе.

Циметот има низа корисни својства – го подобрува тенот, го снижува холестеролот, ја забрзува циркулацијата, одличен е за срцето, стомакот и цревата и помага во топењето на маснотиите во организмот.

Циметот може да се користи едноставно како додаток на јадењата, по четвртина лажичка на оброк, а можете и да го користите наместо шеќер или во комбинација со шеќер во кафе или млеко и други топли пијалаци. Исто така, можете да правите и специјален пијалак за слабеење од мед и цимет кој дава одлични резултати (и кај најдебелите луѓе) ако се користи редовно и правилно и не дозволува повторно таложење на масни наслаги (па зарем ова не е она што го баравте?). Овој пијалак се пие наутро на празен стомак и навечер пред спиење.

Се подготвува навечер пред да одите на спиење на следниов начин: Ставете во шолја половина лажичка цимет и прелијте со 200 мл. врела вода, поклопете и оставете да отстои половина час. Кога водата со циметот ќе се излади малку додадете и една лажичка мед. Половината од пијалакот се пие навечер пред спиење, а другата половина се остава во поклопена шолја во фрижидер и се пие следното утро, на празен стомак, веднаш штом ќе станете.

Нема потреба да пиете поголеми количини од овој пијалак. Доволно е да ја следите оваа шема – навечер пред спиење и наутро веднаш штом ќе станете, и ќе забележите дека обемот на половината ќе ви се намалува, а вишокот килограми ќе се топат. Циметот и медот ќе ви помогнат да ослабите затоа што помагаат да се исчисти дигестивниот тракт, ги отстрануваат габите, паразитите и бактериите кои го забавуваат варењето. Дејството на пијалакот од мед и цимет може да се зајакне ако се додаде и малку ѓумбир. Една лажичка иситнет или измелен корен од ѓумбир се прелива со чаша топла вода и се додава четвртина лажичка цимет. По желба може да се додаде и малку јогурт. Се пие секое утро пред појадокот.

Без разлика за кој рецепт ќе се одлучите, ви пожелуваме истрајност и успех!

barate

 

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?