Њујорк диетата ја осмислил познатиот тренер Дејвид Кирш, а таа брзо станала многу популарна бидејќи ветува губење на околу 6 килограми и дури 12 сантиметри во половината, ако правилно се придржувате на неа.

Диетата се заснова на храна богата со протеини и намален внес на јаглехидрати, и е поделена на 3 фази.

ФАЗА I

Во првите 2 недели изхраната се занова на печурки, белки од јајце, јаткасти плодови, лосос, зеленчук со ниска содржина на скроб, и многу whey протеини. Не смеете да пиете алкохол, а забранети се и млечните производи, кафето, овошјето, маснотиите ...

Дозволено е да се внесуваат 800 - 1000 калории дневно.

ФАЗА II

Втората фаза трае 2 недели и е во основа иста како и првата, со таа разлика што може да се јаде и оброк од јаглехидрати како мешункасти растенија, батат, зрнесто овошје и сл. Во оваа фаза се внесува од 900 до 1000 калории дневно.

ФАЗА III

Во оваа фаза постепено почнува да се додава храната што е забранета во претходните фази. Во текот на диетата се препорачува редовно да вежбате и да се занимавате со физички активности. Треба да правите вежби за сите групи на мускули, да џогирате или скокате јаже околу 45 минути дневно. Исхраната богата со протеини во комбинација со физички активности се одлична комбинација за согорување на мастите. Со ваков режим ќе добиете одлични резултати за многу кратко време.

 

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?