loading...

Многу жени не можат да облечат мини здолништа, кратки маици или хеланки поради наталоженото сало во критичните области – на стомакот, колковите, бутовите и задникот.

Оваа диета е наменета да ви помогне да го истопите салото токму од најкритичните делови на телото и тоа за само две недели.

Овие делови на телото не случајно го добиле епитетот „критични“. Многу жени мака мачат да ги доведат во ред, а што е најинтересно, и кога сте на најригорозни диети најтешко се слабее токму на тие места. Но, конечно, осмислена е специјална диета која ќе ви помогне да ги истопите масните наслаги и да имате витки нозе, тенка половина и тесни колкови! Се што е потребно да направите е да се придржувате на диетата и умерено да вежбате.

Диетата за симнување на салото од стомакот, колковите, бутовите и задникот ја осмислила Ен ЛуизЏитлмен, која го става акцентот на чистење на јетрата. Бидејќи многу штетни материи се таложат во јетрата, тоа ја смалува нејзината моќ за разградување на маснотиите, што е една од нејзините основни функции. Јетрата може да не функционира како што треба од повеќе причини, најчесто поради: храна богата со лоши маснотии, алергии, претерано лачење на инсулин, консумирање на алкохол и лекови во големи количини, стрес... Како последица доаѓа до таложење на масни наслаги и зголемување на телесната тежина. Диетата на д-р Џитлмен има за цел истовремено да го забрза слабеењето и да го контролира лачењето на хормоните, така што по диетата не само што ќе бидете послаби, туку ќе бидете и поздрави.

Диета План А – топење на салото

За да почнете со прочистување на јетрата треба од исхраната да ги исфрлите сите намирници кои имаат штетно влијание врз неа, и тоа во првите две недели од диетата. Во забранети намирници спаѓаат: млечните производи, житарките, лебот, овесните снегулки, скробниот зеленчук, мрсната храна, кофеинот, газираните пијалаци, алкохолот, вештачкитезасладувачи, шеќерот, оцетот и сите преливи за јадења. Можете да јадете јајца, посно месо (јунешко, пилешко, мисиркино), риба, зеленчук без скроб (брокула, кељ, зелка ...), сок од брусница, а за подготовка на јадењата користете исклучително ленено масло.

Можеби ви изгледа премногу строго, но дава одлични резултати. За само две недели овој начин на исхрана заснован на нискокалорична храна ќе ви помогне да се ослободите од вишокот килограми, да го обликувате телото и да го истопите салото на најкритичните делови од телото – половината, бутовите и колковите. Лицата кои се придржувале на оваа диета успешно се ослободиле од целулитот и го намалиле обемот на половината за неверојатни 20 цм!

Диета План Б – понатамошно слабеење

Ако успешно ги поминавте првите две недели од диетата и се уште не сте задоволни со својот изглед, можете да ја продолжите и понатаму. Планот на исхрана кој следува не е толку рестриктивен, но сепак треба да се придржувате на него и да продолжите со избегнувањето на штетнитенамирници. И понатаму не смеете да внесувате шеќер и алкохол, но можете повремено да изедете парче или две црн леб, помала количина намирници кои содржат јаглени хидрати, како и млечни производи. Главниот принцип на исхраната е да не се меша овошје и зеленчук, во секој оброк да има барем една протеинска намирница, и млечните производи да не се комбинираат со месо. Исто така има уште едно важно правило, а тоа е дека во текот на оброкот не смеете да пиете вода! Со ваквиот начин на исхрана и понатаму ќе слабеете, но не со тој интензитет како во првите две недели.

За да го забрзате слабеењето треба и повремено да вежбате. Во врска со вежбањето д-р Џитлмен се придржува на принципот „помалку е повеќе“. Значи, се додека се придржувате на оваа диета не се препорачуваат интензивни тренинзи. Напорните физички активности можат да го загрозат вашето здравје и, поради дисбалансот помеѓу внесените и согорените калории, да го забават процесот на топење на мастите. Се препорачува да го започнете тренингот со вежби за загревање во траење од најмалку 5 минути. Потоа прескокнувајте јаже околу 5 минути, па следат најмногу 20 минути брзо одење. На крајот одвојте 5 минути за вежби за опуштање.

Како што кажавме претходно, оваа диета ја подобрува работата на јетрата така што му обезбедува на телото висококвалитетни есенцијални масни киселини, протеини и здрави јаглени хидрати и иако е нискокалорична, таа е насочена кон подобрување на здравјето, како и регулирање на телесната тежина. Како што покажуваат истражувањата, диетата го забрзува метаболизмот, ја зголемува енергијата, ги регулира промените во расположението, и помага да се решат проблемите со несоницата. Покрај сето ова, ќе ви помогне да го истопите салото на најкритичните делови на телото и да се ослободите од целулитот за само две недели!

План А – 2 недели

Пример за план за исхрана

Пред појадокот: чаша топла вода со лимон
Појадок: кајгана од 2 јајца со спанаќ, зелена пиперка, кромид и магданос, чаша незасладен сок од брусница
Ужина 1: 1/2 поголем цитрон
20 минути пред ручек: чаша незасладен сок од брусница
Ручек: 100 гр. лосос зачинет со лимон и лук, обарени шпаргли, мешана салата од зелена салата, брокула и краставица со 1 лажица ленено масло.
Ужина 2: 2 чаши незасладен сок од брусница
Ужина во 16 ч.: 1 јаболко
20 минути пред вечера: чаша незасладен сок од брусница
Вечера: 100 гр. печени јунешки котлети со малку цимет, чорба од кељ, печени тиквички со каранфилче зачинето со 1 лажица ленено масло.

Диета План Б –
додека не ја постигнете саканата тежина

Пример за план за исхрана

Пред појадокот: чаша топла вода со лимон
Појадок: коктел од исцеден зеленчук, кајгана од 2 јајца со 60 гр. мисиркини гради
Ужина 1: 1/2 шолја исечкана диња, 1/2 шолја рикота сирење (или урда)
20 минути пред ручек: чаша незасладен сок од брусница
Ручек: една чинија чорба од зеленчук без тестенини, 1/2 шолја интегрален ориз, салата од целер и црвен кромид зачинета со 1 лажица масло од сусам, јаболков оцет и ѓумбир
Ужина 2: 2 чаши незасладен сок од брусница
Ужина во 16 ч.: 1 јаболко, 30 гр. моцарела
20 минути пред вечерата: чаша незасладен сок од брусница
Вечера: 120 гр. варена риба зачинета со лимон, ѓумбир и бибер, обарени шпаргли, 1 помал варен компир прелиен со 1/2 лажичка ленено масло.

Извор: dijetaplus.com

barate

loading...
Loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

loading...

 

ПОПУЛАРНО