За оваа диета не треба да се одречете од омилената храна, ниту пак да гладувате за да изгубите некој килограм, туку едноставно да го регулирате начинот на исхрана, да ги намалите оброците и да не претерувате со алкохол и благо.

Во текот на диетата се внесуваат чаеви кои го поттикнуваат слабеењето и помагаат организмот да се исчисти од токсини, а килограмите побргу ќе се стопат доколку исхраната ја базирате на повеќе овошје и зеленчук. Храната треба да ја подготвувате без маснотии од животинско потекло и без запршка. Доколку правилно се придржувате на принципите на диетата за 5 дена ќе се ослободите од 2 килограми.

Во текот на денот се пијат околу 2 литри чај. За појадок и вечера треба да внесувате повеќе витамини кои ќе ви го поправат расположението. Ако огладните помеѓу оброците земете 100-150 гр. свежо овошје.

Кинески чај

Традиционалниот кинески олонг чај содржи голема концентрација на полифенол кој помага во слабеењето и го намалува чувството на глад. Чајот го забрзува метаболизмот и го поттикнува согорувањето на мастите. Се препорачува во текот на денот да испиете околу 2 литри ваков чај и нема да имате напади на глад, така што ќе јадете помалку. Се препорачува кинескиот чај да го пиете со лимон, на 1 чаша кинески чај се додава 1 лажичка сок од лимон.

Чај мате - боровинка

Овој чај потекнува од Јужна Америка. Како и гуараната, ја зајакнува телесната и менталната способност и издржливост и помага да се совлада уморот. Мате чајот исто така го забрзува метаболизмот и го намалува апетитот. Витаминот Ц од боровинката помага во согорувањето на мастите. Се препорачува на 1 шолја мате чај да додадете 4 лажички сок од боровинки и 1 лажичка мед.

Чај од коприва

Копривата е богата со белковини, калциум, витамини и железо. Чајот од коприва го поттикнува варењето и има смирувачко дејство, а ванилата ја ублажува потребата за храна. Чајот се подготвува на вообичаениот начин. Прелијте 1 кесичка чај од коприва и ½ стапче ванила со врела вода, оставете да отстои 15 минути и потоа пијте.

ЛЕСНА ВЕЧЕРА

Ориз и зеленчук со чај

Состојки (за 4 лица): 2 кесички бел чај, сол, 125 гр. ориз, 200 гр. боранија, 100 гр. моркви, 100 гр. тиквички, 2 лажички масло, 30 гр. ленено семе, 2 лажички сок од лимон, 2 лажички шеќер, 2 лажички соја сос.

Подготовка: прелијте го чајот со 400 мл. врела вода, оставете го да отстои десетина минути и потоа процедете. Обарете го оризот во 350 мл. сварен чај и избланширајте ја боранијата. Пропржете го ленот па додадете го зеленчукот. Потоа додадете го остатокот од чајот и семето, па зачинете со останатите зачини.

Пилешки ражнич со чај

Состојки (за 4 лица): 2 кесички чај од камилица, 4 лажици оцет, 3 лажици мед, 8 лажици ореово масло, бибер, 2 пилешки филети, 4 лажици сок од лимон, сол и 4 порции зелена салата.

Подготовка: сварете 150 мл. чај. Измешајте 2 лажици оцет, 2 лажици мед, 1 лажица масло и бибер и прелијте го месото. Исечете го на парчиња, наредете ги парчињата на ражнич и испечете ги на 2 лажици масло. Измешајте го чајот, сокот од лимон, 2 лажици масло и мед и прелијте ја зелената салата.

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?