Протеинската диета се заснова на исхрана без масти и јаглени хидрати, а за да се постигнат најдобри резултати од диетата се препорачува редовна физичка активност.

Се смета дека ваквиот вид на исхрана поттикнува топење на масните наслаги, при што се зачувува мускулното ткиво. Многу славни лица ја одржуваат формата токму со ваков начин на исхрана, во комбинација со соодветна физичка активност. Протеинската диета се препорачува да се држи од 30 до 90 денови, во зависност од состојбата на организмот и килограмите што сакате да ги симнете. Соодветно на должината на траење со оваа диета можат без поголеми потешкотии и одрекувања да се ослободите од 5 до неверојатни 30 килограми.

 ПОЈАДОК: 

Појадокот во текот на диетата е секогаш ист и се состои од овошје – најдобро јаболка, а може и друго овошје, освен банани.

 РУЧЕК И ВЕЧЕРА: 

Бело пилешко месо, мисиркино месо, јагнешко, јунешко, риба, јајца (најдобро варени), немасно сирење, млеко или јогурт со ниска масленост. Протеините може да се комбинираат со зеленчук, по ваш избор, но да се избегнува компир и ориз. Можат да се јадат и печурки и соја.

Њујорк диета: изгубете 6 килограми и дури 12 сантиметри во половината »

Секој четврти ден од протеинската диета е овошен ден, кога се јаде само овошје цел ден, и тоа во неограничени количини.

 ВАЖНО: 

Не треба да се пие пиво и алкохолни пијалаци. Исто така се забранети секакви благи работи, грицки, газирани сокови, засладени овошни сокови и бел леб.

Диета 8 часа: јадете а губите и до 5 килограми неделно »

barate

 

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?