Летото значи лесна гардероба и костими за капење кои безмилосно ги откриваат нашите мани, а посебно вишокот на килограми.

Ако сакате на брзина да се ослободите од килограмите што ве нервираат, ви ја препорачуваме оваа летна диета која содржи вкусна храна и не е тешко да се спроведе. Посебно ако во текот на диетата постојано си мислите колку ќе бидете згодни кога ќе ја завршите!

Диетата се заснова на овошје и зеленчук, кои ги има во изобилство во летниот период. Можете да го јадете вашето омилено овошје или зеленчук колку сакате. Треба да пиете и многу вода, барем 8 чаши на ден, може и со лимон, како и незасладени чаеви, напитоци засновани на овошје и зеленчук, шејкови ...

Ден 1 – првиот ден се јаде само зеленчук, Изберете си некој вид на зеленчук, на пример домати и јадете ги цел ден во неограничени количини. Ако сакате можете да изедете и 5 килограми.

Ден 2 – вториот ден се јаде само овошје: касии, лубеница, сливи, круши, праски, јаболка  и т.н., заедно или одделно, како сакате и во количини колку сакате. Ако се чувствувате многу гладни можете да испиете и една чаша јогурт со ниска масленост.

Ден 3 – третиот ден се јаде само зрнесто овошје како јагоди, малини, боровинки или друго зрнесто овошје по ваш избор. Се јаде во текот на целиот ден, колку сакате. Не заборавајте да пиете вода.

Ден 4 – четвртиот ден е млечен ден во кој можете да јадете млечни производи по ваш избор: сирење, кашкавал, јогурт, кефир и т.н. Ако сте многу гладни, на млечните производи можете да им додадете и малку овошје, како крушка, грозје или цреши.

Ден 5 – пак зеленчук. Изберете 5 вида на зеленчук, направете комбинации од него и јадете го за појадок, ручек и вечера.

Ден 6 – пак овошје цел ден и јогурт со ниска масленост за вечера.

Ден 7 – ова е најтешкиот ден од диетата, бидејќи цел ден ќе треба да пиете само сокови и шејкови од овошје и зеленчук (јаболка, портокали, домати, целер, спанаќ ...). Побарајте рецепти за вкусни шејкови на интернет или бидете креативни и направете си сами од комбинации од вашето омилено овошје и зеленчук. Повторувајте си цел ден дека ова е последниот ден од диетата и дека како што сте издржале 6 дена ќе го издржите и седмиот!

По овие седум дена се враќате на нормален, но контролиран начин на исхрана. Ова не значи дека треба да се частите хамбургер или пица! Продолжувате со големо внимание на исхраната и избегнување на мрсна храна, газирани сокови, благо и останати опасни намирници, за да не ви се вратат тешко изгубените килограми.

 

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?