Една чаша млеко пред спиење, мирисање на ванила, подготвување храна без маснотии, сето тоа се само некои од триковите со кои можете безболно да заштедите и согорите калории, да го контролирате апетитот и да ја измамите гладта.

Пијте вода со лимон

Секое утро на празен стомак треба да пиете најмалку една чаша обична вода со малку лимон. На овој начин ќе ја забрзате размената на материите во организмот и ќе согорите дополнителни 20 калории.

Мирисајте ванила

Мирисот на ванила ги активира хормоните на среќа во мозокот, слично како и чоколадото. Ставете неколку капки масло од ванила на марамче и мирисајте. Доколку сакате можете да мирисате и мирис од јаболка или банана.

Шејк за појадок

Измиксајте 100 грама малини, 250 мл. млеко и една лажичка мед. Вистинско нешто за наутро! Ќе ви помогне да ја пребродите утринската безенергичност и неволност и да ги согорите маснотиите.

Зачини наместо сол

Кога подготвувате јадење користете помалку сол, а повеќе зачини. Солта ја задржува водата во организмот и спречува да се отстранат отпадните работи. Главните зачини кои ќе ве направат витки се магданосот, босиљокот и власецот.

Сенф наместо путер

Наместо маргарин или путер на лебот намачкајте сенф. Пикантен е и содржи само 10 калории, за разлика од едно кесенце путер кое има дури 40.

Цимет наместо благо

Циметот ја убива гладта и потребата за благи работи. Ставете малку цимет во јогурт или џвакајте мастика со вкус на цимет.

Измамете ја гладта

Кога ќе почувствувате дека сте гладни, почекајте 20 минути пред да се најадете. За тоа време во организмот се создава адреналин кој ги согорува маснотиите и ја регулира размената на материите во организмот. Ако доцна навечер ќе почувствувате силна глад, испијте чаша немрсно млеко. Белковините од млекото нема да ве здебелат, а ќе се чувствувате најадено.

Избегнувајте мрснотии

Подготвувајте ја храната без мрснотии: месото или рибата зачинете ги, додадете зеленчук, замотајте во алуминиумска фолија и печете.

СОВЕТ:

Доколку сакате да ослабите или да ја задржите вашата витка линија, многу е важно и физички да се активирате. Барем два-три пати во неделата направете прошетка (пожелно е и брзо одење) или почнете со тренинзи дома или во теретана, и ќе се зачудите за колку кратко време ќе го добиете посакуваниот резултат.

Izvor: zena.blic.rs

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?