magna

Оваа диета не спаѓа во категоријата на брзи диети кои ветуваат дека ќе се ослободите од вишокот килограми преку ноќ или за три дена.

Секако, потребни се воздржувања и одрекувања, како и воведување на одреден начин на исхрана. Доколку правилно се придржувате на оваа диета, за еден месец можете да изгубите до 8 килограми и тоа на сосема здрав начин, без никакви негативни последици по вашето здравје.

ПЛАН ЗА ИСХРАНА

I НЕДЕЛА– чистење на организмот

Во првата недела од диетата ќе се ослободите од отровите и штетните материи наталожени во вашиот организам.

Ден 1
Појадок
Исцеден сок од половина цитрон или еден портокал без вода, 30 гр. овес варен во вода или немасно млеко (може и овесни снегулки во млеко или јогурт), 1 мало јаболко

Ужина
1 јаболко или морков

Ручек
Динстан зеленчук по желба и еден среден варен компир

Ужина
1/2 авокадо (со малку маслиново масло и оцет) или 1/2 јаболка

Вечера
Исцеден сок од грозје или цитрон без вода, 300 мл. супа од зеленчук (по ваш избор, без маснотии и со малку сол и зачини по желба, без павлака или тестенини), варена или обарена брокула (колку сакате) со 1 среден компир, варен со лушпата.

Ден 2
Појадок
како и првиот ден

Ужина
1 парче тврдо полумасно сирење

Ручек
Исечкан сиров зеленчук по желба (колку сакате) зачинет со маслиново масло и оцет.

Ужина
1 овошје по ваш избор

Вечера
Исцеден сок од грозје или цитрон без вода, 300 мл. супа од зеленчук (како првиот ден), тиквички (колку сакате) и 200 гр. сладок компир, печени во рерна со многу малку маслиново масло и малку сол, плус полска салата, рукола или спанаќ зачинети со маслиново масло и оцет.

Ден 3
Појадок и ужина
како ден 2

Ручек
3 лажици варен интегрален ориз и спанаќ со немасно млеко (со многу малку масло и брашно)

Вечера
Исцеден сок од грозје или цитрон без вода, до 200 гр. пилешки гради печени на скара или динстани со мешан зеленчук со многу малку маснотии.

Ден 4
Појадок
како ден 2

Ужина
1 шака јаткасто овошје

Ручек и ужина
како ден 2

Вечера
Исцеден сок по избор, без вода, 300 мл. супа од зеленчук (како првиот ден), кељ варен или обарен, 4 лажици варен интегрален ориз и салата од свежа зелка со маслиново масло и оцет.

Ден 5
Појадок
Исцеден сок од грозје или цитрон без вода, 30 гр. овес варен во вода или немасно млеко (може и овесни снегулки во млеко или јогурт), 1 исечкана банана, 1 парче интегрален леб со 1 лажица диетален мармалад.

Ужина
1 јаболко

Ручек
Варен или динстан зеленчук по желба посипан со семки од сончоглед, 2 парчиња интегрален тост

Ужина
1 парче полумасно тврдо сирење

Вечера
Исцеден овошен сок по избор, без вода, 300 мл. супа од зеленчук (како првиот ден), 1 голем печен (во рерна без маснотии) или варен компир со варена брокула или карфиол.

Ден 6
Појадок
Kако ден 5, со тоа што бананата се заменува со портокал и лебот со 200 гр. немасен јогурт

Ужина
1 јаболко или морков

Ручек
Kако и ден 1 + 3 лажици изрендана јаболка и 3 лажици обичен јогурт.

Ужина
1 парче интегрален леб со 1 лажица диетален мармалад

Вечера
Исцеден сок од цитрон или портокал без вода, 200 гр. печено телешко (пилешко или мисиркино) и зелена салата (колку сакате) со маслиново масло и оцет.

Ден 7
Појадок
Исцеден сок од грозје или цитрон без вода, 30 гр. овес варен во вода или немасно млеко (може и овесни снегулки во млеко или јогурт), 1 варено јајце, 1 исечена банана

Ужина
1 шака јаткасто овошје

Ручек
3 лажици варен интегрален ориз со варен (динстан или обарен) зеленчук по желба, колку сакате

Ужина
1 јаболко или портокал

Вечера
Исцеден сок од грозје или цитрон без вода, 300 мл. супа од зеленчук (како првиот ден), свеж зеленчук колку сакате и 50 гр. немасно свежо сирење.

Премини на следната страна >>

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО