Изгубете 5 килограми за 10 дена со диетата со кисело млеко!

Киселото млеко е постојано присутно во нашата секојдневна исхрана, како многу корисна храна која ја нормализира работата на органите за варење, го подобрува имунитетот, помага при исфрлувањето на отровите од организмот и го поттикнува метаболизмот. Киселото млеко содржи масти, јаглени хидрати и протеини и затоа претставува целосна намирница.

Оваа диета може да ви помогне да изгубите 5-6 килограми за 10 дена. Ако сакате да продолжите со диетата по овие 10 дена, земете во предвид дека станува збор за рестриктивна диета која не смее да се држи подолго од 14 денови.

Диетата со кисело млеко вклучува:

1.    Природно кисело млеко - 500 гр. дневно
2.    Овошје - до 300 гр. дневно (секаков вид на овошје освен грозје, диња и лубеница)
3.    Месо - дo 100 гр. дневно (пилешко, мисиркино, со отстранета кожа, и риба)
4.    Зеленчук (плодови) – до 300 гр. дневно (домати, ротквици, краставици, пиперки...)
5.    Зеленчук (листест) – до 300 гр. дневно (зелена салата, зелка, кељ, рукола, ендивија...)

Пример за дневно мени

Количината на кисело млеко што ќе ја искористите за подготовка на одредена храна зависи од вас, но важно е да изедете 500 гр. кисело млеко дневно, а како ќе го распоредите во оброците е ваш избор.

Појадок

Желе од кисело млеко и малини, чаша зелен чај или чаша природен сок од портокал

Ручек

Топол растителен чај, ладна супа од кисело млеко и краставици исечени на крукчиња, 100 гр. варено месо, салата од краставица, домати и зачини, по желба кисело млеко, чаша топла лимонада без шеќер

Ужина

Домати со кисело млеко: во киселото млеко додајте малку сенф, малку сол и малку промешајте во блендер

Вечера

Топол растителен чај, боранија на пареа со кисело млеко, чаша топла лимонада без шеќер

На располагање имате широк избор на намирници кои можете да ги комбинирате и приготвувате како сакате, внимавајќи да не ја надминете дневната дозволена количина од одреден вид на храна. Најдобро е однапред да ги планирате оброците и воопшто нема да ви биде тешко да се воздржите од житарици и благо во текот на овие десетина денови. Не заборавајте и на физичката активност, и одвојте барем триесетина минути дневно за брза прошетка.

barate

 

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?