Европскиот парламент во 2014 година изгласа необврзувачка резолуција по која европскиот пасош никогаш не би требало да стане стока со која се тргува.

pasos

Лимасол на јужниот брег на Кипар е регион кој финансиски цвета и е место за средба на голем број екстремно богати Руси кои добиле европски пасош. Во Кипар како членка на ЕУ на многу софистициран начин се маскираат парите кои се слеваат таму.

Од 2013 на странците им е овозможено за шест месеци да добијат пасош од одржавата ако инвестираат 2 милинони недвижнини таму, или 2,5 милиони евра вложени во државни обврзници или компании. Од тогаш Кипар има издадено 2000 пасоши на странци, од кои половина на Руси, со кои може да се патува без визи во 147 земји, вклучително Велика Британија и Јапонија.

Брисел е загрижен заради оваа појава, особено затоа што овие луѓе пристапуваат кон ЕУ на нефер начин. Една од причините поради кои Русите купуваат кипарски пасоши е плаќањето на мали даноци. Руските пари на Кипар се предмет на истрага за наводните врски со администрацијата на Доналд Трамп и Русија. Имено, поранешниот шеф на кампањата на Трамп, Пол Манафорт користел кипарски банкарски сметки за примање пари од рускиот тајкун Олег Дерипски и други украински клиенти.

Малта за своето државјанство бара 650.000 евра плус вложување во недвижнини од најмалку 350.000 евра и додатни 150.000 вложувања во државни обврзници. Во првите 6 месеци од 2015 година Малта добила 200 нови државјани.

Во Португалија процесот на купување државјанство е значително покомплициран. Со половина милион евра вложувања во недвижнини, 6 години престој и течно говорење на португалскиот јазик може да се стане државјанин.

city guide

МЕСТА КОИ ТРЕБА ДА ГИ ПОСЕТИТЕ

Хотелот "Сончева Порта" се наоѓа во непосредна близина на Охрид, на една висорамнина со 850м надморска височинa. ...
Во строгиот центар на Битола, на Широк Сокак, недалеку од вообичаената градска врева... ...
Хотелот е сместен во центарот на градот, во срцето на Струга.
Хотел, спа центар и аква паркот Изгрев е сместен на самото крајбрежје на Охридското езеро во Струга. ...
Вкусете ги нашите специјалитети, напијте се чаша две и уживајте во ресторанот КАЈ ЕФТО. ...