FaceBook  Twitter  

Македонија и денес ќе биде зафатена со снег и ниски температури

Како што соопштуваат од АМСМ опасност во возењето претставуваат токму ниските температури и мразот кој се наоѓа под новоформираната снежна покривка кој тешко може да се забележи. Сообраќајот се одвива во зимски услови по влажни коловози, со остатоци од снег, а поради ниски температури особено треба да се внимава на можна појава на голомразица на патиштата. Токму и затоа се препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста  појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Д. Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Воведена е и забранa за движење на тешки товарни возила и тоа на планинските премини Стража, Плетвар, Ѓавато и Пресека, како и на патниот правец Маврово – Дебар каде утрово беа забележани најинтензивни врнежи со снег и најниски температури. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

city guide

МЕСТА КОИ ТРЕБА ДА ГИ ПОСЕТИТЕ

Хотел Филип се наоѓа во Охрид, на околу 5 km од Античкиот театар.
Александар Палас, водечки хотел во Македонија, се наоѓа на десниот брег на реката Вардар во близина на градскиот парк. ...
Преубав ресторан во близнина на Манастирот Св. Наум Охридски
Хотелот е лоциран во прекрасен шумски амбиент со извонредно уредено опкружување, позиција и поглед кон Охридското Езеро. ...
Хотел "АРКА" е модерен, луксузен и комфорен хотел.