#STARS »

Во Македонија во текот на денот ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од снег кој ќе биде со слаб до умерен интензитет.

Снег со слаб интензитет врнеше ова утро на повеќе места во Македонија, додека на планините и во источниот дел од републикава снегот е со умерен интензитет. Во текот на денот се очекува да биде променливо облачно и студено со повремени локални врнежи на снег кои ќе бидат со слаб интензитет, додека температурите ќе се движат од -10 до -3 степени.

Слично време се очекува денес и во Скопје - променливо облачно и студено со повремени врнежи од снег, но со слаб до умерен интензитет. Ќе дува умерен северен ветер, а температурата ќе достигне до -6 степени.

Ниските температури ќе се задржат до четврток кога се очекува благ пораст на дневната температура, додека веќе од петок се очекува позначителен пораст на температурите, но и врнежи од дожд и снег.

 

 

 

city guide

Нашата мисија е креирање на совршен ден за оние најпребирливите.
Хотелот Манастир е место каде што ќе најдете мир во кој се спојуваат телото и духот. ...
Ве очекуваме, заедно да поминеме незаборавни денови во „градот на конзулите“. ...
Во непосредна близина на најатракивните градски знаменитости хотел ЕПИНАЛ е идеално лоциран во центарот на Битола. ...
Хотелот со својата супериорна афтентичност се вклопува во срцето на Скопје. ...