Сите ги сакаме добрите свадбени фотографии.

Па дури и оние кои не сакаат свадби не можат да останат рамнодушни кога пред нив ќе се појави добра свадбена фотографија на која се гледа вистинската емоција. А тоа дека свадбените фотографии го доживуваат својата кулминација можете да заклучите и по се поголемиот број на специјализирани фотографи кои ги има и кај нас, како и по квалитетот на нивните фотографии. Токму и затоа далеку зад нас ги оставивме оние „откачени“ фотографии на кои паровите најчесто се гушкаат околу некое дрво во паркот или на некое карактеристично место во градот, а на нивното место почнавме да гледаме многу поинтересни и пошармантни слики кои го покажуваат карактерот на парот, но и естетиката на самиот фотограф. Оваа селекција со најубавите свадбени фотографии за 2016 година ја направи познатиот портал Junebug Weddings. На нивна адреса пристигнаа повеќе од 9 илјади фотографии од целиот свет, а најдобрите од нив делумно можете да погледнете во продолжение. Останатите фотографии можете да ги ѕирнете на самата страна Junebug Weddings, а наскоро во нашиот градски водич WHERE (види тука) ќе можете да ги пронајдете и најдобрите свадбени фотографи од Македонија.

city guide

МЕСТА КОИ ТРЕБА ДА ГИ ПОСЕТИТЕ

Единствен клуб ресторан во Скопје.
Терасата на ресторанот се наоѓа на самиот брег на Охридското Езеро, што му дава посебна привлечност на овој локал. ...
Хотелот Манастир е место каде што ќе најдете мир во кој се спојуваат телото и духот. ...
Инекс Горица е туристички хотелски комплекс кој се наоѓа на самиот брег на Охридското езеро. ...
Хотелот Водно е модерен, комфорен хотел со прекрасен поглед на градот и неповторливо чувство на задоволство. ...